Top

Добар ден (14-ти јануари)

14-ти јануари е 14-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 351 денови до крајот на годината (352 во престапна).

Настани:
1914 – Хенри Форд, „крал на американската автомобилска индустрија“, ја пушти во работа првата бескрајна производна лента. Тоа значеше пресвртница, бидејќи го забрза производството на автомобили и придонесе за големо намалување на нивната цена.
1969 – Во СССР се лансирани во вселената бродовите „Сојуз-4“ и „Сојуз-5“ и за првпат во историјата е формирана експериментална вселенска станица и е остварено преминување на астронаутите од еден во друг вселенски брод.
1994 – Фудбалскиот сојуз на Македонија стана придружен член на Европската фудбалска унија.

Родени:
1860 – Атанас Бадев, истакнат македонски композитор и музиколог.
1861 – Мехмед VI, отомански султан.
1875 – Алберт Швајцер, познат француски хуманист, лекар, филозоф и музичар.
1906 – Васил Хаџиманов, македонски етномузиколог и педагог.
1914 – Паскал Паскалевски, македонски поет.
1930 – Љубица Дамјановска, македонска историчарка на уметноста.
1933 – Јозо Т. Бошковски – Јон, македонски поет, раскажувач.
1968 – оран Маџиров, македонски музичар.

Починале:
1742 – Едмунд Халеј, англиски астроном и геофизичар.
1833 – Готлоб Ернст Шулце, германски скептички философ.
1986 – Дона Рид, американска филмска и телевизиска артистка.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *