Настани:
532 – Бунтот Ника во Константинопол.
1610 – Галилео Галилеи го открил Ганимед, четвртиот сателит на Јупитер.
1785 – Џон Волтер во Лондон го објавил првиот број на Тајмс (The Times).
1898 – Емил Зола во парискиот весник „Аурора“ го објавил написот „Обвинувам!“ со кој ја обелоденил аферата Драјфус и ја обвинил француската влада за дискриминација на евреите.
1938 – Англиканската црква ја прифатила теоријата за еволуцијата на живиот свет.
1953 – Јосип Броз Тито е избран за претседател на Југославија.
Родени:
1888 – Назим Хикмет, пролетерски писател и револуционер, еден од најголемите турски поети на XX век.
1898 – Живоин Павловиќ, југословенски комунист.
1920 – Проф. Христо Стамболиев, еден од основачите на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и негов прв декан.
1929 – Џо Пас, американски гитарист.
1953 – Јордан Витанов, македонски актер.
1970 – Шонда Рајмс, американски сценарист, режисер и продуцент.
1977 – Орландо Блум, англиски глумец.
1989 – Александар Минченков, руски фудбалер.
Починале:
1625 – Јан Бројгел Постариот, фламански сликар, син на познатиот уметник Питер Бројгел Постариот.
1977 – Жорж Клузо, француски филмски режисер и сценарист.
1984 – Вера Циривири Трена, носител на „Партизанска споменица 1941“, прв претседател на АФЖ на Македонија.
1994 – Добри Ставревски, еден од најпознатите пејачи на македонската естрада.
Празници:
* Василица. Според православната вера на овој ден се пали оган се крши лепче со паричка, се топли ракија. Кај кого ќе падне паричката тој е кум за следната Василица.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!