Top

Добар ден (19-ти јануари)

19-ти јануари е 19-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 346 денови до крајот на годината (347 во престапна).

Настани:
1419 – Стогодишна војна: Градот Руан, а со тоа и сета Нормандија влегува во составот на Англија.
1806 – Велика Британија го окупирала ’Рт на Добра Надеж.
1853 – Операта „Трубадур“ од Џузепе Верди премиерно е прикажана во Рим.
1861 – Џорџија станала петтата држава која се оделила од САД.
1899 – Судан станал кондоминиум на Велика Британија и Египет.
1915 – Францускиот пронаоѓач Жорж Клод ја патентирал неонската светилка за примена во рекламирањето.
1945 – Втора светска војна: Советската војска го ослободила Варшавското гето. Од вкупно 230.000 жители во 1940, нацистичката окупација ја преживеале помалку од 900.
1966 – Индира Ганди станала премиер на Индија.
1969 – Студентот Јан Палах починал од повредите здобиени 3 дена претходно кога се запалил на плоштадот Вацлавски Намести во знак на протест поради задушувањето на Прашката пролет.

Родени:
1544 – Франсоа II, Крал на Франција.
1736 – Џејмс Ват, англиски физичар и пронаоѓач.
1798 – Огист Конт, француски философ.
1809 – Едгар Алан По, северноамерикански поет и раскажувач.
1839 – Пол Сезан, француски сликар.
1871 – Дамјан Груев, македонски револуционер, еден од основачите на ТМОРО.
1879 – Симеон Радев, публицист и новинар.
1925 – Кирил Македонски, македонски композитор.
1941 – Климе Савин, македонски пливачки маратонец и спортски работник.
1969 – Предраг Мијатовиќ, фудбалер.
1980 – Влатко Илиевски, македонски кошаркар.
1980 – Џејсон Батон, возач во Формула 1.

Починале:
1526 – Изабела, данска кралица.
1938 – Бранислав Нушиќ, српски комедиограф, сатиричар и критичар.

Празници:
* Водици, Богојавление.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *