Настани:
1828 – Силен земјотрес го разурна јапонскиот град Нагаока, при што загинаа 30.000 луѓе.
1958 – Лансиран SCORE, првиот комуникациски сателит во орбита околу Земјата
1965 – Девет африкански држави ги прекинаа дипломатските односи со Велика Британија, откако Лондон му даде поддршка на расистичкиот режим во Родезија.
1970 – Во Италија е усвоен Законот за развод на бракот и покрај големото противење на Католичката црква.
1994 – Поранешниот американски претседател, Џими Картер пристигна на сараевскиот аеродром, со што ја започна втората етапа од својата посредничка мисија во БиХ.
1865 – Укинато е ропството во Соединетите Американски Држави.
1956 – Јапонија е примена за член на Организацијата на Обединетите нации.
1941 – Во Вашингтон почна конференцијата на претставниците на 26 држави – сојузнички во Втората светска војна. Беше решено на 1 јануари 1942 година да се објави декларација на сојузниците за тоа дека ќе ја продолжат војната против силите на Оската и против нивните приврзаници се до нивната капитулација и дека нема да се склучува примирје со непријателот.
Родени:
1392 – Јован VIII Палеолог – претпоследен византиски цар.
1963 – Бред Пит, еден од најпознатите американски актери во 20 век.
1954 – Улрих Рот, гитарист, еден од пионерите на жанрот на нео-класичниот метал.
1786 – Карл Марија фон Вебер, германски композитор и диригент.
1913 – Вили Брант, западногермански политичар, претседател на Социјалдемократската партија на СР Германија.
Починале:
1829 – Жан Батист Ламарк, француски природнонаучник и филозоф.
1995 – Конард Цусе, германски научник пронаоѓач на компјутерот.
1932 – Едуард Бернштајн, германски социјалдемократски теоретичар.
1945 – Климе Стојоски, македонски партизан.
1975 – Теодосиј Добжански, руско-американски научник.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!