Top

Добро утро (19-ти декември)

19-ти декември е 353-иот ден во годината според григоријанскиот календар (354-и во престапна година). Остануваат 12 денови до крајот на годината.

Настани:
1940 – Како врховен командант на Вермахтот, Адолф Хитлер ја потпиша „Директивата број 1“, за напад на Советскиот Сојуз, позната во историјата на Втората светска војна како „План Барбароса“.
1942 – Во манастирот Св. Никола во с. Прилепец, прилепско, во борба против бугарската окупаторска војска и полиција, откако беа предадени, загинаа деветмина борци на партизанскиот одред „Ѓорче Петров“. Борбата на Прилепец, претставува легенда за херојството на македонските партизани во борбата за слобода.
1991 – На патот Скопје – Белград загина Јордан Мијалков, првиот министер за внатрешни работи во независна Македонија.
1997 – Во Индонезија се урна авион „Боинг 737“ на сингапурската авиокомпанија „Силк ер“, кој летал од Сингапур за Џакарта. Во несреќата загинаа 104 лица.

Родени:
1849 – Филип V, шпански крал.
1915 – Едит Пјаф, француска пејачка.
1920 – Лазар Мојсов, македонски и југословенски политичар .
1921 – Блаже Конески, македонски културен деец.
1963 – Тил Швајгер, германски актер.
1973 – Врбица Стефанов, македонски кошаркар.

Починале:
1370 – Папа Урбан V, римски папа.
1848 – Емили Бронте, англиска писателка.
1907 – Димитар Поп-Георгиев Беровски, македонски револуционер.
1951 – Андре Жид, француски романописец, есеист и критичар.
1991 – Јордан Мијалков, прв министер за внатрешни работи на независна Република Македонија.
2002 – Александар Сариевски, македонски пејач и композитор .
2006 – Гоце Николовски, македонски пејач на народна музика.

Празници:
* Св. Никола, православен верски празник.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *