Top

Добар ден (17-ти декември)

17-ти декември е 351-иот ден во годината според григоријанскиот календар (352-и во престапна година). Остануваат 14 денови до крајот на годината.

Настани:
1538 – Папата Павле III го екскомуницирал Хенри VIII од католичката црква. За возврат, Хенри ја укинал неговата јурисдикција и го иницирал осамостојувањето на Црквата на Англија.
1577 – По налог на кралицата Елизабета I, Франсис Дрејк отпловил од Плимут, Англија, на тајна мисија да го истражи пацифичкиот брег на Америка.
1903 – Во Северна Каролина, во САД, браќата Рајт го извршиле првиот лет со машина потешка од воздухот.
1970 – Работничките протести во Полска против покачувањето на цените на храната биле крваво задушени со пукање во протестантите од војската и полицијата, при што загинале околу 40 луѓе, а стотици биле ранети.
1991 – Турција, ги призна сите советски републики, кои прогласија независност.
1993 – Финска ја призна Република Македонија. Претседателот Мауно Коивисто го објави признавањето на службен прием и му врачи акт и го овласти Министерството за надворешни работи да воспостави дипломатски односи со Македонија.
1989 – Емитувана е првата епизода на „Симпсонови“.
2005 – Република Македонија доби статус на кандидат за членка на Европската Унија.
2004 – Избрана владата на Република Македонија, предводена од Владо Бучковски.

Родени:
1749 – Доменико Чимароза, италијански композитор, претставник на Неаполската оперска школа.
1770 – Лудвиг ван Бетовен, германски композитор.
1952 – Блаже Китанов, македонски поет.
1973 – Пола Ретклиф, британска атлетичарка.
1975 – Мила Јовович, американска актерка и модел.

Починале:
1187 – Папа Григур VIII, римски папа.
1897 – Алфонс Доде, француски писател.
1273 – Џалалудин Руми, персиски исламски поет, правник и теолог.
1830 – Симон Боливар, јужно-американски борец за независност.
1933 – Тубтен Гјатсо, 13-от Далај Лама
1987 – Маргарет Јурсенар, француска писателка, романсиер, есеист, драматург.
1881 – Луис Хенри Морган, американски етнолог и социолог.
1987 – Примариус д-р Ѓорѓи Гаврилски, прв примариус и прв специјалист по општа медицина во Македонија.
1907 – Вилијам Томсон Келвин, англиски физичар.
1919 – Пјер Огист Реноар, француски сликар, еден од најголемите сликари на своето време.

Празници:
* Бутан – Ден на нацијата.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *