Настани:
1506 – Осветени се темелите на денешната Базилика Свети Петар во Рим.
1941 – Втора Светска војна: Со одбрение на Нацистичка Германија, единиците на Петтата бугарска армија, со Шестата и со Седмата пешадиска дивизија, ја започнаа воената окупација на Македонија.
1942 – Втора Светска војна: Американската авијација првпат го бомбардира Токио.
1951 – Во Париз, Белгија, Западна Германија, Италија, Луксембург, Холандија и Франција потпишаа Договор за создавање Европска заедница за јаглен и челик.
1954 – Гамал Абдел Насер стана премиер и воен гувернер на Египет.
1955 – Во индонезискиот град Бандунг започна афроазиска конференција на 29 земји, на која се потврдени принципите на деколонизација и создавање на „третиот свет“.
1980 – Јужна Родезија под името Зимбабве стана 50-та независна држава во Африка. За прв претседател е избран Канан Банана.
1994 – Странските хуманитарни организации соопштија дека етничките масакри на припадниците на племињата Хуту и Тутси, за време на кои се убиени околу милион лица, ја зафатиле целата територија на Руанда.
1996 – Република Македонија и Република Руанда воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.
Родени:
1590 – Ахмед I, отомански султан.
1917 – Фредерика, кралица на Грција.
1920 – Томо Софрониевски, македонски првоборец и политичар.
1939 – Али Хаменеи, ирански политичар.
1960 – Гао Лундонг, кинески кајакар .
1969 – Румјана Желева, бугарски политичар.
1977 – Леополд Стоковски, американски диригент.
1981 – Филип Јуричиќ, хрватски глумец.
Починале:
1903 – Константин Кирков, македонски револуционер.
1949 – Леонард Блумфилд, американски лингвист.
1955 – Алберт Ајнштајн, физичар, најистакнат теоретичар на новата епоха во физиката.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!