Top

Добро утро (17-ти април)

17-ти април е 107-иот ден во годината според григоријанскиот календар (108-и во престапна година). Остануваат 258 денови до крајот на годината.

Настани:
1492 – Изабела I од Кастилја и Кристофер Колумбо склучиле договор за неговото патување до Азија преку Атлантикот.
1941 – Кралството Југославија капитулира пред нападот на Силите на Оската во Втората светска војна.
1961 – Инвазија во Заливот на Свињите: 1511 кубански бегалци во САД, обучени и финансирани од ЦИА, се истоваруваат во Заливот на Свињите на Куба со цел да го соборат Фидел Кастро.
1970 – Тешко оштетениот модул на ракетата „Аполо 13“ безбедно се вратил на Земјата со тричлениот екипаж.
1971 – Излегува во продажба првиот соло албум на Пол Мекартни „McCartney“.

Родени:
1877 – Коце Ципушев, македонски револуционер.
1894 – Никита Сергеевич Хрушчов, советски политичар и државник.
1912 – Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Гаврил, поглавар на Македонската православна црква.
1952 – Жељко Ражнатовиќ, лидер на Српската доброволна гарда.
1974 – Викторија Бекам, британска пеачка.

Починале:
167 – Папа Анцетиј, римски папа.
326 – Александар Александриски, Патријарх на Александрија.
858 – Папа Бенедикт III, римски папа.
1790 – Бенџамин Франклин, американски државник, филозоф, физичар, економист и писател.
1898 – Дедо Иљо Малешевски, македонски револуционер.
1903 – Јордан Поп Јорданов – Орцето, македонски револуционер.
1913 – Ахмед Нијази-бег, отомански војник и политичар.
1984 – Радка Кушлева, бугарска народна пејачка.
1993 – Тургут Озал, осми по ред турски претседател.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *