Top

Добро утро (19-ти април)

19-ти април е 109-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (110-и во престапна година). Остануваат 256 денови до крајот на годината.

Настани:
1587 – Англискиот адмирал Френсис Дрејк ја потопува шпанската флота кај Кадиз.
1775 – Во Масачусетс, започнува американската војна за независност од Велика Британија.
1839 – Со Лондонскиот договор, се формира кралството Белгија, а потврдена е и независноста на големото војводство Луксембург.
1909 – Јованка Орлеанка е прогласена за светица.
1943 – Втора Светска војна: Започнува неуспешно востание против нацистичката окупација во варшавското гето.
1945 – Втора Светска војна: Американските војници го зазедоа германскиот град Лајпциг.
1956 – Склучен е бракот помеѓу американската актерка Грејс Кели и моначкиот кнез Рение III.
1961 – Американската инвазија на Заливот на Свињите, во Куба, завршува со неуспех.
1971 – СССР ја лансира вселенската станица „Саљут“ во орбитата околу Земјата.
1993 – Кралството Холандија ја призна независноста на Република Македонија.
1995 – Бомбардирана е федералната зграда на Оклахома Сити (Оклахома, САД). 168 мртви.
1997 – Демократската и Либералната партија се обединија формирајќи ја Либерално-демократската партија.
1999 – Германското собрание се враќа во Берлин.
2000 – Боинг 737 на Air Phillipines се урива на аеродромот во Давао, убивајќи 131 лице.
2005 – Јозеф Рацингер е избран за папа Бенедикт XVI.

Родени:
1772 – Давид Рикардо, англиски економист, еден од највлијателните во историјата.
1940 – Сиднеј Посеуло, бразилски истражувач.
1946 – Фарук Нафиз Озак, турски политичар.
1956 – Волен Сидеров, бугарски политичар.
1964 – Ванчо Ѓорѓиев, македонски историчар.
1979 – Кејт Хадсон, американска актерка
1986 – Кендис Паркер, американска кошаркарка.
1987 – Марија Шарапова, руска тенисерка.
1989 – Ху Мингаи, кинески кајакар.

Починале:
1588 – Паоло Веронезе, венецијански маниристички сликар.
1768 – Џовани Антонио Канал (попознат како Каналето), венецијански сликар.
1824 – Џорџ Гордон Бајрон, славен англиски поет од времето на романтизмот.
1882 – Чарлс Дарвин, британски научник, творец на теоријата на еволуцијата на живите суштества.
1906 – Пјер Кири, француски физичар и хемичар, нобелов лауерат.
1936 – Антон Костадинов, македонски револуционер.
1989 – Дафне ди Марие, англиска писателка.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *