Top

Добро утро (17-ти мај)

17-ти мај е 137-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (138-и во престапна година). Остануваат 228 денови до крајот на годината.

Настани:
1973 – Специјалниот сенаторски комитет во САД, ја започна истрагата за аферата „Вотергејт“, во која беше вмешан и тогашниот американски претседател, Ричард Никсон.
1994 – Во Малави се одржуваат првите повеќепартиски избори.
1994 – Во Скопје е отворен Првиот меѓународен саем на книги и либрографика.

Родени:
1749 – Едвард Џенер, пронаоѓач на вакцината против големи сипаници.
1836 – Вилхелм Штајниц, австриски шахист.
1886 – Алфонсо XIII, шпански крал.
1904 – Жан Габен, француски филмски и театарски артист.
1924 – Митко Илиевски, еден од основоположниците на Катедрата по философија на Филозофскиот факултет во Скопје.
1931 – Георги Христов, македонски писател од Бугарија.
1939 – Александар Смилевски, македонски архитект.
1940 – Рејнатo Пуно, Врховен судија на Филипините.
1947 – Никола Донев, југословенски и македонски одбојкар.
1962 – Неждет Мустафа, македонски политичар.
1969 – Кристина Николовска, македонски поет.
1984 – Игор Денисов, руски фудбалер.
1987 – Едвалд Боасон Хаген, норвешки велосипедист.

Починале:
1727 – Катерина I, руска императорка.
1395 – Крале Марко, македонски феудален владетел, крал и легендарен јунак од усното народно творештво.
1886 – Џон Дир, американскиот инженер.
1905 – Ламбринос Вранас, андартски капетан.
1984 – Ирвин Шо, американски раскажувач и драмски писател.
1985 – Нешо Марковски, македонски новинар.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




1 Коментари

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *