Настани:
1925 – Извршен е масакр во пиринското село Дабница врз локалното население од страна на месните чети на ВМРО на Ванчо Михајлов.
1954 – Стапи во сила Европската конвенција за човекови права.
1974 – Индија изврши прва нуклеарна проба во пустината во Раџастан, со што стана шеста држава која изврши нуклеарен тест.
1977 – Во Москва за време на Дванаесеттото генерално собрание на ИКОМ, 18 мај е прогласен за Меѓународен ден на музеите.
1980 – Стотици илјади луѓе ја презедоа контролата над јужнокорејскиот град Квангџзу, по немирите во кои единиците на воената хунта убија најмалку двесте продемократски демонстранти.
Родени:
1711 – Руѓер Бошковиќ, физичар, математичар, астроном, филозоф и дипломат.
1814 – Михаил Бакунин, руски револуционер.
1872 – Бертранд Расел, англиски филозоф.
1872 – Јане Сандански, македонски револуционер.
1899 – Душан Недељковиќ, српски философ и етнолог.
1908 – Карл Колдевеј, германски поларен истражувач.
1914 – Борис Христов, бугарски оперски пеач.
1920 – Јован Павле II, римски папа.
1934 – Петар Ширилов, македонски раскажувач.
1935 – Иван Доровски, македонски и чешки поет.
1962 – Сандра Крету, германска пејачка и текстописец.
1978 – Тор Хушовд, норвешки велосипедист.
1979 – Благој Нацоски, македонски оперски пејач.
1980 – Ана Угриновска, македонска кајакарка.
1986 – Алексеј Жуканенко, руски кошаркар.
Починале:
526 – Папа Јован I, римски папа.
1799 – Пјер Огистен Карон де Бомарше, француски писател.
1800 – Александар Суворов, руски кнез и генералисимус
1908 – Карл Колдевеј, германски поларен истражувач.
Празници:
* Меѓународен ден на музеите.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!