Настани:
1795 – Филип Пинел, француски природонаучник и лекар за душевни болести, во париската болница „Салпетриер“, отвори прво одделение за душевни болести.
1943 – Германските нацисти го задушија востанието, кое на 19 април 1943 година почна во Варшавското гето, едно од најголемите што за Евреите го изгради хитлеровата власт по окупацијата на Полска. Од 70.000 жители во гетото загинаа 13.000. Се спасија само околу 80-тина жители.
1974 – Собранието на СФРЈ го прогласи Јосип Броз Тито за доживотен претседател на државата.
2007 – Николас Саркози ја презеде претседателската функција во Франција.
Родени:
1611 – Папа Инокентие XI, римски папа.
1883 – Џелал Бајар, Претседател на Турција.
1898 – Десанка Максимовиќ, српска поетеса.
1898 – Растко Петровиќ, српски поет, патеписец и дипломат.
1905 – Хенри Фонда, американски филмски актер.
1927 – Павлина Апостолова, македонска оперска певица.
1928 – Петар Костов, македонски раскажувач, романсиер и драмски автор.
1924 – Дауд Џавара, гамбиски државник.
1953 – Пирс Броснан, ирски глумец.
1954 – Зоран Анчевски, македонски поет, есеист и преведувач.
1964 – Решат Ахмети, македонски академски сликар.
1966 – Џенет Џексон, американска пејачка.
1970 – Габриела Сабатини, аргентинска тенисерка.
1973 – Тори Спелинг, американска глумица.
1974 – Лаура Паузини, италијанска поп пејачка.
1986 – Меган Фокс, американски модел и актерка.
Починале:
1830 – Жозеф Фурје, француски математичар и физичар.
1926 – Мехмед VI, последниот отомански султан.
1943 – Илија Антевски – Смок, припадник на напредното студентско и комунистичко движење на Македонија.
1985 – Жан Дифибе, вајар и архитект, еден од најзначајните француски сликари по Втората светска војна.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!