Настани:
1945 – Формирана е првата македонска влада на чело со Лазар Колишевски
1991 – Собранието на Социјалистичка Република Македонија го усвои нацрт-амандманот за бришење на атрибутот „Социјалистичка“ пред името на Социјалистичка Република Македонија.
2007 – Во Хаг започна судскиот процес против поранешниот македонски министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски за наводни воени злостроства во конфликтот во 2001. Покрај Бошкоски обвинет е и Јохан Тарчуловски.
2007 – Во Блексбург, Вирџинија, вооружен студент убил 32 колеги и професори од факултетот и ранил уште 20, пред да се самоубие. Еден од најсмртоносните инциденти од овој вид.
Родени:
778 – Луј I Побожниот, француски крал.
1319 – Жан II Добриот, француски крал.
1646 – Жил Ардуен Мансар, француски архитект
1844 – Анатол Франс, француски писател
1889 – Чарли Чаплин, најголем артист на немиот филм.
1924 – Хенри Мансини, познат американски композитор на музика за многу филмови.
1924 – Стево Теодосиевски, македонски естраден уметник, музички педагог и хуманист.
1927 – Бенедикт XVI, римски папа
1934 – Борис Сандански, македонски и бугарски писател.
1950 – Раде Силјан, македонски поет.
1977 – Џејда Дувенџи, турска филмска и театарска актерка.
1982 – Роберт Попов, македонски фудбалер.
1987 – Џенк Акјол, турски кошаркар.
Починале:
1292 – Теобалд Годен, 22. Голем мајстор на витешкиот ред Темплари
1828 – Франциско Хосе де Гоја, шпански сликар и гравер.
1859 – Алексис Токвил, француски историчар.
1903 – Димитар Мечев, македонски револуционер.
1903 – Илија Трчков, македонски револуционер.
1903 – Цветко Трајков, македонски револуционер.
1925 – Григор Ќуркчиев, генерал во бугарската армија.
1925 – Крсте Златарев, генерал во бугарската армија.
1996 – Ристо Ѓорѓевски, македонски психолог.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!