Top

Добар ден (15-ти април)

15-ти април е 105-иот ден во годината според григоријанскиот календар (106-и во престапна година). Остануваат 260 денови до крајот на годината.

Настани:
1912 – По сударот во санта мраз нешто пред полноќ предходниот ден, потона прекуатланскиот брод Титаник. 1517 лица го загубија животот.
1923 – Инсулинот станува општо достапен за болните од шеќерна болест.
1955 – Во државата Илиноис во САД е отворен првиот ресторан „Мекдоналдс“.
1992 – Во касарните во Скопје, Битола, Штип и Охрид пристигнаа првите регрути од регуларниот состав на Армијата на Република Македонија.
1994 – Потпишан е општиот договор за трговија и царински тарифи ГАТТ.

Родени:
1452 – Леонардо да Винчи, Италијански ренесансен уметник, градител и научник († 1519.).
1489 – Синан, Отомански царски архитект (п. 1588.).
1707 – Леонард Ојлер, швајцарски математичар и физичар († 1783.).

Починале:
1446 – Филипо Брунелески, прочуен италијански архитект, основоположник на ренесансната архитектура.
1764 – Мадам де Помпадур, љубовница на Луј XV.
1765 – Михаил Василевич Ломоносов, руски научник, писател, академик и енциклопедист со светски глас.
1865 – Абрахам Линколн, шеснаесеттиот претседател на САД.
1980 – Ванчо Николески, истакнат македонски писател.
1980 – Жан Пол Сартр, француски филозоф и писател.
1992 – Александар Матковски, прв доктор на историски науки од Македонија и прв историчар ориенталист.
1997 – Д-р Иван Пухан, еден од основачите на Правниот факултет во Скопје.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *