Top

Добар ден (14-ти април)

14-ти април е 104-иот ден во годината според григоријанскиот календар (105-и во престапна година). Остануваат 261 денови до крајот на годината.

Настани:
1865 – Во театарот Форд во Вашингтон Џон Вилкс Бут го застрелал претседателот на САД Абрахам Линколн.
1894 – Во Њу Јорк е претставен кинетоскопот на Едисон, апарат за гледање на подвижни слики, предвесник на филмот.
1912 – Британскиот патнички пароброд „Титаник“ на своето прво патување преку Атлантикот кон Њу Јорк, удрил во санта мраз во Северниот Атлантик и потонал следното утро при што загинале 1503 луѓе.
1915 – Турција извршила инвазија на Ерменија. Политичките обвинувања за тоа дека Турција извршила геноцид врз десетици илјади лица во Ерменија постојат и денес.
1941 – Усташите, хрватска екстремно десничарска нацистичка и фашистичка организација, се задолжени за управувањето со Независната држава Хрватска од Силите на оската по инвазијата врз Југославија од 6. април истата година.
1992 – Во гарнизонот во Охрид пристигнал првиот регрут на Армијата на Република Македонија.
1994 – Цариниците во Република Македонија за првпат го одбележаа својот празник – Ден на Царинската служба на Република Македонија.
1995 – Република Македонија и Големата Социјалистичка Либиска Народна Џамахирија воспоставија дипломатски односи.

Родени:
1906 – Семјуел Бекет, ирски писател, драматург и поет.
1907 – Франсоа Дувалие, хаитски диктатор
1924 – Душко Малевски, македонски новинар.
1945 – Ричи Блекмор, англиски гитарист.
1954 – Брус Стерлинг, американски автор на научна фантастика.
1957 – Михаил Плетњов, руски пијанист, диригент и композитор.
1958 – Бранислав Саркањац, македонски социо-политички аналитичар.

Починале:
1759 – Георг Фридрих Хендл, германскиот композитор.
1930 – Владимир Мајаковски, руски писател
1964 – Рејчел Карсон, американска екологистка
1986 – Симон де Бовоар, француска писателка и философ.
1997 – Видое Подгорец, македонски писател

Празници:
* Ден на Царинската служба на Република Македонија


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *