Настани:
1898 – Француската академија на науките објави дека Марија Склодовска – Кири, хемичар и физичар од полско потекло откри нов елемент кој го доби името радиум.
1913 – Во Општинскиот театар во Битола е одржана првата кинопретстава. Прикажана е премиерата на филмот „Градинарот Лаврициус“.
1943 – Германците објавиле дека во окупираниот дел на Русија, во Катинската шума, нашле масовни гробници со повеќе од 4.000 поранешни полски воени заробеници кои силите на СССР претходно ги заробиле по нападот на Полска во 1939-1940. Откритието ги нарушило односите меѓу СССР и другите сојузници во Втората светска војна. Русија го признала масакрот дури во 1990.
1913 – Во Општинскиот театар во Битола е одржана првата кинопретстава. Прикажана е премиерата на филмот „Градинарот Лаврициус“.
1970 – Експлодирал еден од двата резервоари со кислород во вселенското летало Аполо 13 и екипажот бил во смртна опасност сѐ до враќањето на Земјата четири дена подоцна.
Родени:
1519 – Катерина де Медичи регент на Франција и сопруга на Анри II крал на Франција († 1589.).
1743 – Томас Џеферсон, претседател на Соединетите Американски Држави .
1883 – Александар Василевич Александров, руски и советски композитор.
1885 – Ѓерѓ Лукач, унгарски филозоф, естетичар, политичар, еден од најзначајните марксистички философи на 20 век († 1971.).
1906 – Антон Панов, македонски драмски писател († 1968.).
1906 – Семјуел Бекет, ирски писател и нобеловец († 1989.).
1942 – Киро Поповски, македонски правник и политичар.
1949 – Кристофер Хиченс, англиски новинар и општественик.
1963 – Гари Каспаров, руски шахист-велемајстор, светски шаховски шампион (1985. – 2000.).
1967 – Валентина Божиновска, македонска глумица и политичарка.
1978 – Силви ван дер Варт, холандска телевизиска личност и модел.
Починале:
1695 – Жан де Ла Фонтен, француски поет и баснописец.
1992 – Благоја Попов, македонски политичар и државник.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!