Top

Добро утро (12-ти април)

12-ти април е 102-иот ден во годината според григоријанскиот календар (103-и во престапна година). Остануваат 263 денови до крајот на годината.

Настани:
467 – Антемиј станал римски император.
1204 – Крстоносците го освоиле и опустошиле Константинопол.
1557 – Бил основан градот Куенка во денешен Еквадор.
1606 – Создадено официјално знамето на Обединетото Кралство.
1633 – Започнува процесот на инквизиција против Галилео Галилеј.
1861 – Започнала Американската граѓанска војна со нападот на силите на Конфедерацијата на Форт Сумтер во Јужна Каролина.
1877 – Обединетото Кралство ја анексирала Јужната Африканска република.
1903 – Меѓу железничката станица во Истборн и градчето Мидс, во англиската грофовија Сасекс, воведена е првата редовна автобуска линија во светот.
1917 – Прва светска војна: Канада победила во битката кај Вими против Германија.
1935 – Прв лет на Бристолската авиокомпанија.
1945 – Дотогашниот потпретседател Хари Труман станал претседател на САД, откако претседателот Франклин Рузвелт починал додека бил на функција.
1961 – СССР го лансирале во орбита околу Земјата вселенскиот брод „Восток -1“ во кој се наоѓал првиот човек во вселената: 27-годишниот космонаут Јуриј Алексеевич Гагарин.
1966 – Американските авиони првпат ја бомбардираа територијата на ДР Виетнам, со што почна ескалацијата на војната во Индокина.
1981 – Првиот лет на првото повеќекратно употребливо и пилотирано вселенско летало „Колумбија“ на НАСА.
1992 – Отворен е Паркот Дизниленд во Париз, прв во Европа.

Родени:
570 – Во околината на Мека (денешна Саудиска Арабија) роден е врховниот пророк во Исламот и политички лидер Мухамед.
1484 – Антонио да Сангало Помладиот, важен италијански архитект од времето на Ренесансата.
1577 – Кристијан IV , дански крал.
1823 – Александар Островски, руски драматург.
1839 – Николај Пржевалски, руски истражувач.
1851 – Едвард Волтер Маундер, англиски астроном .
1852 – Фердинанд фон Линдеман, германски математичар.
1866 – Принцеза Викторија од Прусија.
1851 – Едвард Волтер Маундер, англиски астроном .
1871 – Јоанис Метаксас, грчки фашист и диктатор.
1921 – Сократ Маркилов, македонски борец.
1961 – Лиза Џерард, австралиска пејачка.
1971 – Шенон Доерти, американска актерка.
1986 – Блерим Џемаили, швајцарски фудбалер со македонско потекло.

Починале:
1555 – Хуана I Кастилјска, кралица на Кастилја и Леон.
1817 – Шарл Месије, славен француски астроном, автор на Месијеовиот каталог.
1945 – Франклин Делано Рузвелт, претседател на САД, кој на должноста беше избран четири пати.
1977 – Михо Чакеља, македонски архитект.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *