Top

Добро утро (11-ти април)

11-ти април е 101-иот ден во годината според григоријанскиот календар (102-и во престапна година). Остануваат 264 денови до крајот на годината.

Настани:
1713 – Потпишан е Утрехтскиот мировен договор како финале на тринаесетгодишната Војна за шпанското наследство помеѓу речиси сите поголеми Европски сили од 18.век.
1919 – На Мировната конференција во Париз е формирана Меѓународната организација на трудот.
1921 – Првиот спортски радио-пренос. Се пренесувал боксерски меч помеѓу Џони Реј и Џони Данди во САД.
1945 – Втора Светска војна: Американските војници го ослободија нацистичкиот концентрационен логор Бухенвалд.
1964 – Фриц Фрелинг и Дејвид Депати ја лансирале серијата цртани филмови со Пинк Пантер и истата година освоиле Оскар за кус анимиран филм.
1991 – Советот за безбедност на ОН го објави формалниот крај на Заливската војна, прифаќајќи го ветувањето од страна на властите во Ирак дека ќе платат за штетите од војната и ќе го уништат оружјето за масовно уништување.
1992 – Регистриран е Македонскиот олимписки комитет (МОК), формиран на 20. март истата година. За прв претседател е избран д-р Васил Тупурковски.
1995 – Во Скопје е формирано Здружението за примена на македонскиот литературен јазик во службената и јавната комуникација.

Родени:
147 – Септимиј Север, римски император.
1755 – Џејмс Паркинсон, англиски лекар, ја открил болеста на нервниот систем наречена по него.
1905 – Атила Јожеф, унгарски поет.
1911 – Кирил Николов, македонски новинар.
1933 – Ѓоре Напески, македонски поет и раскажувач.
1942 – Иванчо Митревски – Мајсторот, македонски писател за деца.
1981 – Алесандра Амбросио, бразилски модел.
1982 – Ангел Дарк, словачка порно ѕвезда.
1987 – Џос Стоун, англиска пејачка.

Починале:
678 – Папа Дониј, римски папа.
1514 – Донато Браманте, италијанскиот архитект.
1854 – Карл Фон Базедов, познат германски лекар и научник.
1943 – Лазо Трповски, македонски комунист.
1977 – Жак Превер, вранцуски поет.
1985 – Енвер Хоџа, албански политичар и државник.
2007 – Курт Вонегат, американски писател.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *