Настани:
1789 – Граѓаните на Париз го освоија злогласниот затвор Бастилја и ги ослободија затворениците, со што почна Француската Револуција. Овој ден се слави како национален празник на Франција.
1867 – Алфред Нобел, шведскиот иноватор, кај англискиот град Редхил за прв пат го демонстрира разорното дејство на неговиот најнов изум – динамитот.
1933 – Национал-социјалистите во Германија, кои во јануари на чело со Адолф Хитлер доаѓаат на власт, ги забрануваат сите опозициски партии.
1999 – 17 години по завршувањето на Фолкландската војна меѓу Аргентина и Велика Британија, обновена е воздушната линија меѓу Аргентина и овој архипелаг во Атлантикот.
2006 – Љубчо Георгиевски, поранешен премиер на Република Македонија и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ наводно стана бугарски државјанин. Оваа постапка, која до денес не е потврдена од никого, предизвика бројни полемики во Република Македонија околу неговата вистинска улога во политичкиот живот на земјата во претходните 15 години.
Родени:
1743 – Гаврила Романович Державин, руски класицистички поет, сметан за најголемиот руски поет пред Пушкин.
1817 – Мадам де Стал, француска писателка. Во 1810 година ја напиша книгата – манифест „За Германија“, која Наполеон ја забрани, затоа што авторот се восхитува на германската философија и литература. Ја сметаат за основоположник на францускиот романтизам. Родена е во Париз, на 22 април 1766 година.
1862 – Густав Климт, австриски сликар-симболист. Неговата слика Портер на Адел-Блох Бауер I, продадена за 135 милиони долари, е третата најскапа слика во историјата.
1904 – Исак Башевис Сингер, американски писател и Нобелов лауреат, по потекло полски Евреин.
1918 – Ингмар Бергман, шведски филмски и театарски режисер и сценарист, за многумина еден од најголемите во историјата. Неговиот филм Седмиот печат останува запаметен како едно од големите филмски ремек-дела.
1942 – Хавиер Солана, шпански политичар.
Починале:
1223 – Филип II Август, француски крал.
1887 – Алфред Круп, германски индустриалец и производител на оружје.
1944 – Благој Јанков – Мучето, народен херој на Македонија; умира во Струмица, во борба против бугарската полиција. Роден е во 1911 година.
1998 – Ричард Мекдоналд, основач на најголемиот ланец на ресторани во светот – Мекдоналдс.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!