Top

Добро утро (13-ти јули)

13-ти јули е 194-иот ден во годината според григоријанскиот календар (195-и во престапна година). Остануваат 171 денови до крајот на годината.

Настани:
1822 – Грчката војска ја победува турската кај Термопилите во текот на борбата за независност на Грција.
1878 – Завршува Берлинскиот конгрес, на кој тогашните големи сили (Германија, Австро-Унгарија, Русија, Англија, Франција и Отоманската Империја) воспоставуваат нов однос на силите на Балканот.
1930 – Во Монтевидео, главниот град на Уругвај, започнува првото светско фудбалско првенство, на кое домаќинот ја освојува титулата.
1946 – При Земската болница во Скопје е формирана првата Станица за трансфузија на крв. Од мала станица со еден лекар и три медицински сестри прерасна во Републички завод за трансфузиологија.
1985 – Советскиот скокач со стап Сергеј Бубка, во Париз станува првиот човек во историјата на овој спорт што прескокнал над шест метри.
1985 – На лондонскиот стадион „Вембли“ и на стадионот „Џон Кенеди“ во Филаделфија, САД во исто време беа одржани големите хуманитарни концерти под името „Лајв ејд“ (Live Aid). Во акцијата за помош на гладните во Африка, која ја организираше Боб Гелдоф, најпознатиот рок и поп музичар во светот, собрани се 60 милиони долари, а ТВ-преносот од концертите го следеа околу милијарда и пол гледачи ширум светот.
1990 – Во Скопје е основана Социјалистичката партија на Македонија. За претседател е избран Киро Поповски.

Родени:
1590 – Папа Климент X, римски папа.
1907 – Елисие Поповски, македонски учесник во Шпанската граѓанска војна.
1934 – Воле Сојинка, нигериски писател и Нобелов лауреат.
1942 – Харисон Форд, американски актер, познат по улогата на Индијана Џонс во истоимената филмска трилогија.
1957 – Камерон Кроу, американски режисер-оскаровец.
1970 – Симеон Ѓанков, бугарски политичар.

Починале:
574 – Папа Јован III, римски папа.
1762 – Џемс Бредли, англиски астроном.
1793 – Жан Пол Мара, познат француски револуционер,.
1896 – Август Кекуле, германски хемичар.
1943 – Иван Горан Ковачиќ, хрватски поет.
1951 – Панко Брашнаров, македонски револуционер.
1954 – Фрида Кало, мексиканска сликарка.
2008 – Михо Атанасовски, македонски поет.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *