Настани:
1784 – Францускиот професор по физика С. Ленорман, заедно со Жан Моголфје, го конструирааат првиот падобран.
1960 – Франција им призна независност на своите поранешни колонии Дахомеј, Нигерија, Горна Волта, Брегот на Слоновата Коска, Чад, Централна Африка и Конго.
1993 – Република Македонија е примена за полноправна членка на Универзалната поштенска унија, специјализирана Агенција на Организацијата на Обединетите Нации со седиште во Берн, Швајцарија.
1996 – Република Македонија воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Авганистан и Малта.
2006 – Започна Израелско-либанската војна.
Родени:
100 п.н.е. – Гај Јулиј Цезар, римски војсководец, политичар и писател.
1884 – Амедео Модиљани, познат италијански сликар.
1904 – Пабло Неруда, познат чилеански поет и комунист, добитник на Нобеловата награда и венценосец на Струшките вечери на поезијата.
1952 – Ирина Бокова, бугарски политичар.
1967 – Џон Петручи, гитарист на американската прогресивна метал група Dream Theater.
1967 – Катерина Блажевска, македонски новинар.
1973 – Билјана Раева, бугарски политичар.
1982 – Антонио Касано, италијански фудбалер.
Починале:
1536 – Еразмо Ротердамски, прочуен холандски хуманист.
1682 – Жан Пикар, француски астроном.
1712 – Ричард Кромвел, англиски лорд.
1935 – Алфред Драјфус, француски офицер, човекот околу кој ќе се исплете Аферата Драјфус.
2007 – Блага Алексова, македонски археолог и академик.
2010 – Харви Пикар, американски писател.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!