Настани:
1099 – Во Првата крстоносна војна, Крстоносците го зазеле Ерусалим кој бил 461 година под власта на Фатимидите. Градот останал во христијански раце сè до 2 октомври 1187 година кога бил освоен од страна на Саладин и никогаш повторно не бил безусловно во христијански раце.
1556 – Во Рим свечено е осветена грандиозната купола на црквата Свети Петар, што ја изгради прочуениот италијански архитект, вајар, сликар и поет Микеланџело Буонароти. Овој датум е земен како ден на раѓањето на барокот.
1869 – Французинот Иполит Меж Морис го патентира маргаринот, прехранбен продукт кој ќе треба да се обиде да го спречи масовниот глад меѓу сиромашните слоеви на населението.
1965 – Американскиот вселенски брод Маринер 4 ги испрати првите снимки од планетата Марс.
1968 – На линијата Москва-Њујорк воспоставена е првата директна авио-врска меѓу СССР и САД. Летовите почнуваат да ги изведуваат компаниите Аерофлот и Пан Америкен.
1990 – Во Охрид е извршено осветување на новоизградената црква „Свети Тројца“.
Родени:
1606 – Харменс ван Ријн Рембрант, познат холандски сликар, еден од најголемите во историјата на уметноста. Умре во Амстердам, на 4 октомври 1669 година.
1919 – Ирис Мурдок, ирска писателка.
1930 – Жак Дерида, француски философ.
1956 – Џо Сатријани, американски гитарист.
Починале:
1291 – Рудолф I Хабсбург, германски цар и оснoвач на династијата на Хабсбурговците.
1904 – Антон Павлович Чехов, руски раскажувач и драмски писател. Најпознати негови дела се драмите „Галеб“, „Три сестри“, „Вујко Вања“ и „Вишновата градина“, како и збирките раскази „Човекот во футрола“, „Куќа на кат“ и „Селани“. Роден е во Таганрог, на 29 јануари 1860 година.
1929 – Хуго фон Хофманштал, австриски писател.
1941 – Валтер Рутман, значаен германски експериментален режисер.
1944 – Вера Циривири-Трена, првоборец и активен учесник во напредното работничко движење. Убиена е од страна на бугарските фашисти во Штип. Родена е во Прилеп во 1921 година.
1997 – Џани Версаче, италијански моден креатор.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!