Настани:
1871 – Во Италија е донесен закон со кој на Светата столица и се дозволува да има седиште во Ватикан.
1901 – Македонскиот драматург Војдан Чернодрински ја формира првата македонска театарска група „Скрб и утеха“.
1961 – Преку ТВ Белград е емитувана првата емисија на ТВ – студио Скопје, наречена „Балкански концерт“ која ја изведоа првенците на Балетот при македонскиот народен театар, Елпида Пакоска и Јован Пашти.
1981 – Атентат врз папата Јован Павле II во Рим. Папата го преживеа атентатот.
1990 – Крвава пресметка меѓу навивачите на загребски Динамо и белградска Црвена Звезда на стадионот Максимир во Загреб.
2001 – Формирана е Владата на широката коалиција, во која учествуваат најзначајните политички субјекти ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ПДП со премиер Љубчо Георгиевски.
Родени:
1655 – Папа Инокентие XIII, римски папа.
1792 – Папа Пиј IX, римски папа.
1795 – Павел Јозеф Шафарик, словачки и чешки филолог и етнограф.
1840 – Алфонс Доде, француски писател.
1842 – Артур Саливен, познат британски композитор и диригент.
1882 – Жорж Брак, француски сликар.
1934 – Алексо Лозановски, македонски поет и раскажувач.
1941 – Ричи Валенс, американски пејач.
1961 – Денис Родман, американски кошаркар.
1973 – Мери Николова, македонски поет.
1973 – Гордана Вренцоска, македонски графички и моден дизајнер.
1982 – Огучи Ониеву, американски фудбалер.
1986 – Александар Рибак, норвешки пејач.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!