Настани:
1643 – Четиригодишниот Луј XIV станува крал на Франција по смртта на татко му, Луј XIII. Мајка му Ана од Австрија станува регент до неговото полнолетство.
1948 – Прогласена е независната држава Израел. Арапските соседи веднаш ја напаѓаат, со што започнува Војната за независност.
1955 – Седум комунистички земји и СССР потпишуваат договор за меѓусебна одбрана познат како Варшавски договор.
1999 – Во текот на бомбардирањето на СР Југославија, авиони на НАТО погодија колона со бегалци на Косово. Загинаа 87 лица.
Родени:
1727 – Томас Гејнсборо, познат англиски портретист и пејзажист.
1771 – Роберт Овен, англиски социјалист, еден од најпознатите претставници на утопискиот социјализам.
1919 – Аврам Садикарио, македонски поет.
1964 – Росен Плевнелиев, бизнисмен и политичар од Бугарија.
1981 – Димитар Мираковски, македонски кошаркар.
1984 – Марк Цукерберг, основач на Facebook.
1985 – Михаил Николаевич Кузнецов, руски слалом-кајакар.
Починале:
649 – Папа Теодор I, римски папа.
964 – Папа Јован XII, римски папа.
1610 – Анри IV, француски крал.
1643 – Луј XIII, француски крал.
1912 – Аугуст Стриндберг, шведски писател.
1991 – Аладар Геревич, унгарски мечувалец.
1998 – Френк Синатра, американски пејач и глумец.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!