Top

Добар ден (12-ти мај)

12-ти мај е 132-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (133-и во престапна година). Остануваат 233 денови до крајот на годината.

Настани:
1993 – Република Македонија воспостави дипломатски односи со Република Босна и Херцеговина.
1993 – Швајцарија ја призна Република Македонија.
1994 – Со руско посредство, склучено е примирје со што е прекината ерменско – азербејџанската војна во Нагорно-Карабах.
2004 – Бранко Црвенковски ја презема должноста Претседател на Република Македонија.
2008 – Катастрофален земјотрес од 7,9 степени по Рихтер во централна Кина однесе над 22.000 животи.

Родени:
1820 – Флоренс Најтингел, англиска медицинска сестра.
1869 – Карл Шуман, германски спортист.
1707 – Карл фон Лине, шведски ботаничар.
1907 – Кетрин Хепберн, американска артистка.
1914 – Никола Вражалски, македонски правник.
1923 – Атанас Петровски, македонски филмски режисер и продуцент.
1923 – Живко Стефановски, македонски функционер.
1932 – Валтер Вандерли, бразилски органист и пијанист во правците боса нова и лаунџ.
1932 – Дарко Дамески, еден од најистакнатите македонски, театарски, филмски и телевизиски актери.

Починале:
1003 – Папа Силвестер II, римски папа.
1012 – Папа Сергиј IV, римски папа.
1860 – Чарлс Бери, англиски архитект.
1884 – Беджих Сметана, чешки композитор и диригент.
1904 – Вангел Георгиев, андартски капетан.
1905 – Атанас Шабанов-Тешовалијата, македонски ајдутин и револуционер.
1995 – Круме Наумовски, македонски првоборец.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *