Настани:
1502 – Васко Де Гама назначен како адмирал на индискиот океан, со 20 бродови тргнува на второто патување до Индија.
1909 – Во САД формирано е Националното здружение за напредок на обоените луѓе (NAACP).
1944 – Во местото Барбарас, кај Македонски Брод, бугарскиот окупатор стрела осум борци – учесници во Богомилскиот поход.
1992 – Република Словенија и Република Хрватска ја признаа независноста на Република Македонија. Република Македонија ја призна независноста на Република Словенија и на Република Хрватска.
1996 – Република Македонија воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Република Гана.
1996 – Во Атина официјално започна со работа Канцеларијата за врски на Република Македонија.
2001 – Почеток на воената криза помеѓу македонските сили за безбедност и припадниците на ОНА.
Родени:
1809 – Абрахам Линколн, шеснаесеттиот претседател на САД.
1809 – Чарлс Дарвин, британски научник, творец на теоријата на еволуцијата на живите суштества.
1876 – Тубтен Гјатсо, 13-от Далај Лама.
1914 – Василие Поповиќ – Цицо, сликар, карикатурист и сценограф, еден од основоположниците на сценографијата во Македонскиот народен театар.
1974 – Дмитриј Лосков, руски фудбалер.
Починале:
1804 – Имануел Кант, основоположник на германската класична философија.
1911 – Гоно Јотов, андратски капетан.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!