Настани:
660 п.н.е. – Според традицијата, Императорот Џиму ја основал Јапонија. Ден на државноста на Јапонија.
55 – Синот и престолонаследник на императорот Клаудиј, Тибериј Клаудиј Цезар Британикус, умрел под мистериозни околности во Рим. Неговата смрт го отворила патот на Нерон кон тронот.
1531 – Хенри VIII станал поглавар на Англиканската црква.
1919 – Фридрих Еберт е избран за прв претседател на Германија.
1929 – Со потпишувањето Латеранскиот Договор меѓу папата Пие Единаесетти и Италија, основана е ватиканската држава – „Чита дел Ватикано“. Државата Ватикан се наоѓа во центарот на Рим, оградена со ѕидини и зазема површина од 44 хектари и има 3000 жители. Ватикан има своја радиостаница, телеграфска и поштенска служба, монетарен систем и железничка станица. Врховната власт ја има папата, а политичките работи ги врши државен секретар.
1945 – Во Јалта на Крим, е завршена Кримската конференција на која шефовите на владите на трите големи сили на антихитлеровската коалиција, Сталин (СССР), Рузвелт (САД) и Черчил (Велика Британија), ги усогласија воените планови за окончување на војната против Германија и Јапонија. Притоа усвоија резолуција за „ослободена Европа“ и се договорија за основање „општа меѓународна организација за мир и безбедност“ во светот – Обединетите нации.
1990 – Нелсон Мандела е ослободен од затворот Виктор Верстер околу Кејптаун, Јужна Африка, каде што поминал 27 години како политички затвореник.
1997 – Спејс шатлот „Дискавери“ е лансиран во мисија за поправка на телескопот Хабл.
Родени:
1800 – Вилијам Фокс Талбот, англиски пионер во фотографијата.
1847 – Томас Алва Едисон, американски техничар и пронаоѓач.
1902 – Арне Јакобсен, дански архитект
1962 – Шерил Кроу, американска кантавторка
1969 – Џенифер Анистон, американска актерка, позната по улогата на Рејчел во серијата Пријатели
Починале:
1650 – Рене Декарт, француски философ, математичар и физичар.
1935 – Германос Каравангелис, грчко духовно лице.
1948 – Сергеј Ејзенштејн, советски режисер
1985 – Хенри Матавеј, славен американски филмски режисер.
1993 – Десанка Максимовиќ, српска поетеса.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!