Top

Добро утро (13-ти февруари)

13-ти февруари е 44-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 321 денови до крајот на годината (322 во престапна).

Настани:
1895 – Браќата Огист и Луј Лимиер, француски хемичари и индустијалци и конструктури на првата филмска камера, патентираа апарат за „примена на хронофотографски отпечатоци“, наречен кинематограф.
1947 – Во Скопје е основано Друштвото на писателите на Македонија. Основачи беа Блаже Конески (прв претседател), Димитар Митрев, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Владо Малески, Ристо Крле, Васил Иљоски и Иван Точко.
1961 – Советот за безбедност на Обединетите нации реши во Конго да се упатат мировните сили на Светската организација за да се спречи избувнување на граѓанската војна во таа африканска земја.

Родени:
1599 – Папа Александар VII, римски папа.
1743 – Џозеф Бенкс, англиски ботаничар.
1766 – Томас Малтус, англиски економист.
1805 – Густав Лежен Дирихле, германски математичар.
1953 – Љупчо Јордановски, претседател на Собранието на Република Македонија.
1973 – Наташа Бунтеска, македонска поетеса.
1974 – Роби Вилијамс, англиски пејач.

Починале:
1130 – Папа Хонориј II, римски папа.
1787 – Руѓер Бошковиќ, физичар, математичар, астроном, филозоф и дипломат.
1883 – Рихард Вагнер, германски композитор.
1893 – Ѓорѓија Пулевски, македонски писател.
1991 – Арно Брекер, најистакнатиот вајар во нацистичка Германија.
1996 – Зија Бериша, македонски актер.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *