Настани:
1942 – Во екот на Втората Светска војна Јапонија ја нападнала Шри Ланка.
1654 – Со мирот во Вестминстер заврши Првата Англо-холандска војна. Со победата врз Холандија, Англија ја скрши холандската надмоќност на море.
1955 – Британскиот премиер Винстон Черчил поднесе оставка на функцијата. Неговото премиерско место го наследи шефот на британската дипломатија Ентони Идн.
1989 – Виетнам соопшти дека до 30 септември 1989 година ќе ги повлече сите војници од Камбоџа што означи крај на меѓусебниот десетгодишен конфликт.
1992 – Српските сили воспоставиле опсада на Сараево. Градот останал под опсада до 29 февруари 1996, што е најдолгата опсада во современата воена историја.
1998 – Најдолгиот висечки мост на светот, мостот Акаши-Каикио во Јапонија, е отворен за сообраќај.
1999 – Властите во Либија ги предадоа двајцата Либијци осомничени дека во декември 1988 година ја предизвикале експлозијата на американскиот патнички авион „Боинг 747“ над местото Локерби во Шкотска, при што загинаа 270 лица.
Родени:
1568 – Папа Урбан VIII, римски папа.
1588 – Томас Хобс, англиски филозоф, продолжувач и систематизатор на класичниот англиски емпиризам. Познат е по максимата „Човек на човека му е волк“ (п. 1679).
1899 – Винсент Фереира Пастиња, мајстор по афро-бразилската боречка вештина капуера.
1900 – Спенсер Трејси,американски филмски актер.
1908 – Херберт фон Карајан, австриски диригент (п. 1989.).
1908 – Бети Дејвис, американска актерка.
1947 – Благој Истатов, македонски фудбалер.
1947 – Глорија Макапагал-Аројо, претседател на Филипините.
1958 – Глигор Бишев, мскедонски банкар.
1962 – Кирсан Иљyмжинов, актуелен претседател на ФИДЕ и престедател на руската Република Калмикија.
1980 – Мет Бонер, американски професионален кошаркар.
Починале:
1794 – Жорж Дантон, француски револуционер, противник на монархијата во Француската буржоаска револуција.
1987 – Калипсо Налча, прва жена – професионална артистка во Македонија.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!