Top

Добро утро (6-ти април)

6-ти април е 96-иот ден во годината според григоријанскиот календар (97-и во престапна година). Остануваат 269 денови до крајот на годината.

Настани:
885 – Во Велиград, Велика Моравија (денешна Чешка), умрел и бил погребан Свети Методиј.
1814 – Наполеон абдицирал и подоцна бил протеран на островот Елба, близу до Италија.
1896 – Во Атина почнале првите модерни Олимписки игри кои биле организирани од страна на Французинот Пјер де Кубертен, претседател на Меѓународниот олимписки комитет од 1896 до 1925 година. На игрите кои завршиле на 14 април, учествувале 484 натпреварувачи.
1909 – Американскиот поларен истражувач Роберт Едвин Пири (1856 – 1920) прв стигнал на Северниот пол. Пири го испитал и најсеверниот дел на Гренланд („Пириева земја“) и напишал неколку дела за своите патувања, како што се „Најблиску до полот“, „Северниот пол“ и „Тајните на поларните патувања“.
1917 – САД во Првата светска војна, по вонредното заседание на Конгресот, ѝ објавиле војна на Германија.
1941 – Нацистичка Германија без објава ги нападнала Југославија и Грција. Нападот започнал со бомбардирање на Белград, кој е речиси целосно разорен, а 12.000 луѓе го загубиле животот.
1991 – Во Прилеп почнал Првиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.
1994 – Започнал геноцидот во Руанда кој однел над 500.000 животи, откако е соборен авионот кој ги превезувал претседателите на Руанда Џувенал Хабјаримана и на Бурунди Циприен Нтаријамира.

Родени:
1483 – Рафаело Санти, италијански сликар, најголем претставник на ренесансата во сликарството.
1890 – Антони Фокер, холандски дизајнер на авиони.
1927 – Гери Мулиган, американски џез музичар.
1965 – Стефан Петерхансел, француски моторциклист и автомобилист.

Починале:
885 – Свети Методиј, заедно со брат му Кирил основоположник на сесловенската писменост.
1199 – Ричард Лавовско Срце, Крал на Англија.
1520 – Рафаело Санти, италијански сликар, најголем претставник на ренесансата во сликарството.
1528 – Албрехт Дирер, германски сликар и гравер.
1732 – Франц Лудвиг Фалечко-Нојбуршки, германски епископ.
1887 – Иван Крамској, руски сликар.
1971 – Игор Стравински, руски композитор.
1992 – Исак Асимов, американски писател од руско потекло.
2000 – Хабиб Бургиба, основачот на современ Тунис.
2005 – Рение III, Принцот од Монако.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *