Top

Добро утро (4-ти април)

4-ти април е 94-иот ден во годината според григоријанскиот календар (95-и во престапна година). Остануваат 271 денови до крајот на годината.

Настани:
1905 – Во Индија земјотрес во близина на Кангра однел најмалку 20.000 животи.
1945 – Втората светска војна заврши на територијата на Унгарија, од каде што Црвената армија ги протера германските војски.
1945 – Во Скопје излезе првиот број на весникот „Флака е влазеримит“ („Пламен на братството“), прво гласило на албански јазик во Македонија.
1949 – Во Вашингтон, министрите за надворешни работи на САД и на 11 западноевропски држави го потпишаа Северноатлантскиот пакт (НАТО), со кој е создадена силна воено-политичка формација на западните сојузници.
1968 – Борецот за правата на американците со афричко потекло, Мартин Лутер Кинг е убиен во Мемфис, САД.
1969 – Во Хјустон, САД е извршена првата операција за вградување на вештачко срце во човековиот организам. Пациентот умрел по четири дена.
1973 – Во Њу Јорк, САД официјално e отворен Светскиот трговски центар, целосно разурнат во терористичките напади на Ал-Каеда од 11. септември 2001.
1975 – Мајкрософт е основан од Бил Гејтс и Пол Ален.
1994 – Марк Андерсен и Џим Кларк го основале Нетскејп.

Родени:
186 – Каракала, римски император (п. 217).
1640 – Гаспар Санз, шпански композитор.
1846 – Лотреамон, француски поет.
1884 – Исороку Јамамото, воен адмирал, јапонски поморски командант (п. 1943).
1927 – Томе Момировски, македонски раскажувач.
1932 – Антони Перкинс, американски актер (п. 1992).
1932 – Андреј Тарковски, руски режисер и сценарист (п. 1986).
1947 – Салваторе Шарино, италијански композитор.
1964 – Аким Селмани, поранешен член на ОНА.
1976 – Емерсон, бразилскли фудбалер.
1979 – Хит Леџер, австралиски глумец (п. 2008).

Починале:
1617 – Џон Непер, шкотски математичар.
1929 – Карл Бенц, германски автоконструктор, пронаоѓач и инженер.
1931 – Андре Мишлен, француски индустријалец, производител на автомобилски гуми.
1968 – Мартин Лутер Кинг, американски борец за граѓански права и мир.
1988 – Славјанка Влахчева, прва современа медицинска сестра во Македонија.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *