Top

Добро утро (3-ти април)

3-ти април е 93-иот ден во годината според григоријанскиот календар (94-и во престапна година). Остануваат 272 денови до крајот на годината.

Настани:
1789 – Прославениот војсководец Џорџ Вашингтон положи заклетва и така стана прв претседател на САД, новата држава на северноамериканскиот континент.
1917 – Владимир Илич Ленин се вратил во Русија од прогонство и застанал на чело на Руската револуција од 1917. Пред болшевичките водачи го претставил својот реферат „За задачите на пролетаријатот во сегашната револуција“ познат и како Априлски тези.
1945 – Во Скопје, со изведувањето на претставата „Платон Кречет“ од советскиот драматург Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров, а во превод на Блаже Конески, почна континуирано да работи Македонскиот народен театар.
1948 – Претседателот на САД Хари Труман го потпишал Маршаловиот план со кој ја овластил помошта на САД од 5 милијарди долари за обновата на 16 Европски земји по Втората светска војна.
1973 – Во Њу Јорк, САД е воспоставен првиот телефонски повик од мобилен телефон.
1986 – ИБМ го претставил новиот производ „ПЦ Кабриолет“ (англ. PC Convertible), првиот преносен компјутер со димензии слични на денешните.
2008 – И покрај решеноста на останатите 25 членки, Грција го спречи приклучувањето на Македонија кон НАТО, оправдувајќи го овој потег со потребата за подобрување на соседските односи со решавање на спорот со името на Македонија.

Родени:
1461 – Ана де Божу, француска принцеза, ќерка на Луј XI.
1922 – Дорис Деј, американска актерка.
1924 – Марлон Брандо, американски актер († 2004.).
1930 – Хелмут Кол, поранешен канцелар на Германија.
1932 – Јован Ивањин, македонски поет и романсиер.
1943 – Зоран Ковачевски, македонски прозаист.
1958 – Алек Болдвин, американски актер.
1961 – Еди Марфи, американски актер и комичар.
1985 – Леона Луис, британска поп пејачка.

Починале:
1171 – Филип од Наблус, седмиот Голем мајстор на витешкиот ред Темплари.
1287 – Папа Хонориј IV, римски папа.
1862 – Џејмс Кларк Рос, британски поморски истражувач.
1882 – Џеси Џејмс, американски разбојник.
1897 – Јоханес Брамс, германски композитор, пијанист и диригент.
1990 – Сара Вон, американска џез пејачка.
1897 – Греам Грин, англиски писател.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *