Настани:
1453 – Во понеделник (втор ден на Велигден) на 2 мај Мехмед II Освојувачот ја започнува опсадата на Константинопол. Градот ќе падне во рацете на османлиите на 29 мај истата година.
1792 – Озаконет е доларот како парична единица во САД.
1975 – Завршена е ЦН Кулата во Торонто, Канада која во тоа време била највисоката градба на светот со 533,33 метри.
1982 – Аргентина извршила инвазија на Фолкландските острови што го означил почетокот на Фолкландската војна помеѓу Обединетото Кралство и Аргентина. Војната завршила по два и пол месеци, на 14. јуни истата година со пораз на Аргентина и повлекување од островите.
Родени:
742 – Карло Велики, франкски крал и император.
1527 – Абрахам Ортелиус, белгиски картограф и географ.
1725 – Џакомо Казанова, италијански авантурист, писател и најпознат заводник во историјата.
1805 – Ханс Кристијан Андерсен, дански баснописец.
1827 – Вилијам Холман Хант, англиски предрафаелитски сликар.
1840 – Емил Зола, француски писател, творец и најизразит претставник на натуралистичкиот правец во книжевноста.
1841 – Клеман Адер, француски инженер и пронаоѓач.
1941 – Ѓорѓи Здравев, македонски етнолог и костимограф.
1976 – Игор Ѓузелов, македонски фудбалер.
1982 – Марко Амелија, италијански фудбалски голман.
Починале:
1791 – Оноре Габриел Мирабо, француски политичар и државник.
1872 – Семјуел Морзе, северноамерикански сликар и пронаоѓач.
1905 – Цено Куртев, бугарски подофицер.
1907 – Мише Развигоров, македонски револуционер.
2005 – Карол Војтила, римокатолички свештеник, кој под името Јован Павле Втори во 1978 година, по 455 години, стана првиот папа кој не потекнува од Италија.
2008 – Јозо Т. Бошковски – Јон, македонски поет.

Извор: wikipedia
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!