Samsung презентираше нов мобилен уред наменет за, како што велат, помалку марливите луѓе на кои често им се случува телефонот да им падне од рака. Всушност, станува збор за подобрена варијанта на популарниот Galaxy S4. Samsung S4 Active има 5 инчен 1080p екран, 8MPx камера, работи на 1,9 GHz процесор со четири јадра, 2GB RAM и 16GB простор, како и MicroSD слот кој поддржува картичка со капацитет од 64GB.
S4 Active е интересен бидејќи е затворен доволно добро со што се заштитени сите внатрешни делови. Заштитата е гарантирана до 1 метар длабочина во времетраење од 30 минути. Исто така, Samsung додаде и aqua mode на камерата за појасна слика под вода. Овој телефон има и водоотпорен џек за слушалки за да може да се слуша музика на дожд, но не и под вода.
Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!