Top

ТОНИ ЗЕН – НАЈмомче за 2010

Албум, одличен хип хоп концерт во Охрид, многу работа, настапи, многу обожавател(к)и, дооолго и тешко “преживување” на скоро пуст остров на Филипините, многу читателки на ТАА и, секако, наааајмногу гласови за него во изборот за НАЈмомче за 2010 година.

Минатата година ја одбележа со издавањето албум и концерт во Охрид. За оваа година, некаде кон крајот на мај, Тони го најавува издавањето на неговиот нов албум. Претходно, за 18-ти март го подговтува својот прв голем концерт во Скопје, кој ќе се одржи во спортската сала Борис Трајковски.

“Тоа ќе биде професионален концерт со новитети, со многу моќен звук, промовирање на новите песни, одличен бенд со девојки, моите стандардни гости – Слаткаристика, Скит Скитара… стандардната екипа којашто секогаш одлично функционира. Тоа ќе биде концерт кој не смее да се пропушти”.



Како преживеа во “Преживеан

Тони смета дека ништо во животот не е случајно, па така и неговото појавување во “Преживеан”.

“Ме поканија од продукцијата и тоа беше еден знак кој морав да го следам. Кога ми се јавија најпрво ги одбив, но подоцна сфатив дека тоа е некој знак, па затоа прифатив”.

Кога ќе се спомне “Преживеан”, Тони вели дека секогаш ќе се сеќава на тоа што стигна до финалето, на пријателството со Марко Булат, целото искуство на островите.

“Филипините се како друг свет, со друга клима, обичаи, култура, сé е различно од тоа како ние живееме тука. Има еден дел каде што живеат сиромашните, во селата, и таму е многу е лошо, сурово. На полуостровите и островите во Филипини, кои се нецивилизирани, има само риболовци. Тие живеат во колиби, спијат на бамбуси, организираат борби со петли, што го сметаат за најголемо шоу и така им поминува денот. Но, тие се задоволни со тоа и супер им е. Таму луѓето се успешни ако обезбедат три оброци на ден за својето семејство и со тоа тие се успешни и богати. За разлика од таму, Манила е модерен град, огромен, цивилизиран со многу богати, ама секако, и посиромашни луѓе”.

Дали има шанса за љубов во такви услови?

Тони вели дека никогаш не би можел да има некоја љубовна романса во такви “лоши” услови, прво заради условите во кои живееја, а второ заради тоа што таму отишол да се бори, а не да бара љубов.

Јас не сум како Никола и Бојана, јас сум борец, а Никола не се покажа добро во тоа, покажа слабости, но покажа дека е љубовџија. Таму се истакнуваат сите оние инстинскти кои ги има човекот длабоко во себе, борбеност, издржливост. Тој очигледно сакаше да си најде девојка со која ќе се гушка и не му беше многу важно дали ќе победи или не. А на Бојана мислам дека i беше поважна победата, но малку се занесоа и затоа Никола брзо изгуби. Јас не би го направил тоа“.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Facebook FAN page




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *