Top

Раде Шербеџија со многу љубов и изненадувања на концерт во Скопје

Најголемиот шармер од овие простори, поет, шансониер и актер со холивудска слава, големиот РАДЕ ШЕРБЕЏИЈА, на 17-ти март повторно доаѓа во Скопје кога со почеток во 21 часот ќе одржи ексклузивен интимен концерт за македонската публика, придружуван од “Западни колодвор бенд” од Загреб.



Ни претставува огромна чест што веднаш после премиерата на филмот на Анџелина Џоли во Белград “Во земјата на крвта и медот” каде тој ја игра главната улога, Раде Шербеџија ќе се дружи со своите пријатели и обожаватели во Македонија. Концертот на 17-ти март ќе биде неповторлива ноќ, приказна исполнета со многу љубов и изненадувања, премиера која што ќе нема реприза. Ова ќе биде вистинско уживање во музиката на Раде, а интимната атмосфера ќе биде надополнета со неговите рецитали кои ќе допрат до секој присутен во публиката.” – изјавуваат организаторите на концертот Нова Икс Идеја.

На сцената на Универзалната Сала каде што ќе се случи оваа несекојдневна ноќ, Раде Шербеџија ќе го придружуваат петте врвни музичари кои го сочинуваат “Западни колодворни бенд”, меѓу кои е и неговиот син Данило, со кои тој одржа неколку концерти низ Европа и на Балканот. Покрај неговите “Не дај се Инес”, “Барбара”, новата “Панонске трешње”, со огромно задоволство како што самиот тој кажува, во Скопје Раде ќе испее и неколку македонски песни. Влезниците за овој неповторлив концерт се во ограничен број, а можат да се набават во претпродажба по цена од 800 денари во Југотон, Тобако Тугедер салоните, цвеќарница Розе Веро 2, Камарад рамстор и на касата на Универзална Сала.

Во моментов, освен со главната улога во филмот на Анџелина Џоли, Шербеџија е актуелен и како режисер на филмот поддржан од македонскиот филмски фонд “Ослободувањето на Скопје”, но и по улогата во филмот на Дарко Митревски “Трето полувреме” каде го глуми таткото на главната хероина која ја игра Катарина Ивановска. Неговата автобиографска книга “До последен здив” во која зборува за неговиот живот, театарот, пријателите, неговите ставови и мисли за животот и случувањата кои биле пресудни за неговата кариера, беше една од најпродаваните на овие простори во 2010-та година.
Последно гостување во Македонија на Раде Шербеџија беше минатата година кога ги изведе стиховите од песната “Крушево” на отворањето на спомен куќата на нашиот Тоше Проески во Крушево.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *