Top

Концерт на BERNAYS PROPAGANDA во МКЦ

Знаеме супер место за криење од студот во петок (17.02.2012 година). Се наоѓа во МКЦ и се вика Денсинг сала. Токму тогаш и таму BERNAYS PROPAGANDA свират концерт заедно со пријателите Хипнополис, Mindless Violence и Green Fuzz.



BERNAYS PROPAGANDA е еден од најактуелните бендови на македоснката сцена.
Формирани во 2007 година, за 5 години успеаа да создадат солидна база на фанови ширум регионот и Европа. Имаат реализирано скоро 300 концерти во 29 земји во Европа, настапи на фестивали од рангот на Егзит (главна сцена), Теранео фестивал, Спирит оф Бургас и други.
Воедно, со овој концерт и официјално ќе биде промовирана реновираната Денсинг сала на Младинскиот културен центар – Скопје.

Карти за концертот можете да купите од Југотон и МКЦ, по цена од 200 денари.
Истите, на денот на концертот ќе чинат 300 денари. Почетокот на концертот е закажан за 21 часот.

iLike.mk ја поддржува македонската музичка сцена и дава несебичен придонес кон промивирање на истата. Вашите новитети (песни, спотови, фотографии, најави за концерти и сл.) ги очекуваме на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>