Top

Шведската ЛГБТ изложба “Член 1 и Музеј Нестрејт” се отвора во Скопје

Универзалните човекови права не познаваат граници

Член први е патувачка ЛГБТ изложба на некои од најеминентните музеи во Шведска, и нуди преглед на историскиот и современиот живот на ЛГБТ-лицата, првично поставена во Стокхолм за време на Европрајд, во летото 2008 година. Откако беше поставена на Балтик прајд во Рига, во Белград и Сараево, го имаме задоволството да ја претставиме изложбата и во Скопје, во Чифте Амам (Национална галерија на Македонија), од 22.02-15.03.2012г.



Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права“. Така вели првата реченица од првиот член на Декларацијата за човекови права усвоена од Обединетите нации. Но она што не може да се види значи дека и не постои. А, на личност којашто не постои ѝ се негираат сите права. Ако сте лезбијка, хомосексуалец, бисексуалец или имате транс-родов идентитет, сите суштински права-правото да се држите за рака со љубената/иот во јавен простор, правото да не бидете дискриминиран/а на работното место, правото да живеете под еднакви услови како и другите двојки-потекнуваат токму од првиот член: правото да бидете видени.
Музеите и изложбите сочинуваат значаен дел од нашиот поглед на светот. Овде, нашето културно наследство и колективна меморија се визуелизираат и се претставува она што е значајно – и она што не е. Долго време нашите музеи потфрлија во дискусијата на историјата и конкретните искуства на ЛГБТ-лицата. Тие не ги признаваа еднаквите права на сите луѓе.

Затоа, ни причинува големо задоволство и гордост да ви претставиме одредени ретки записи на историјата и современиот живот на ЛГБТ-лицата.” – додаваат организаторите.

Изложбата е сочинета од неколку помали изложбени дела, секое од нив произведено од различните музеи. Секој дел раскажува различна приказна која има заеднички предмет – ЛГБТ историјата.
Музеите кои со свој материјал земаат учество во изложбата се: Нобел Музејот, Шведскиот Полицискиот Музеј, Шведскиот Национален музеј на технологија и наука, Шведскиот музеј на армијата, Шведскиот национален музеј на антиквитети и Шведскиот музеј на спортови.

Шведската изложба ќе биде проследена и со локална контрибуција која ќе се состои од две поставки: “Сексуалноста на архивата” и “Емоционална архива на нехетеросексуалните искуства во Македонија”.

Изложбата ќе биде проследена и со дводневна интернационална конференција на тема: Не/Видливо: Политичките и сексуални режими на архивата. Првиот ден од конференцијата, 23.02, ќе се фокусира на темите поврзани со “Музеите и човековите права. Улогата и одговорностите на јавните инстититуции денес”, додека вториот дел, 25.03, ќе ги отвори прашањата за “Национализмот, културата, историјата и сексуалноста”.
Локални партнери во организацијата на настанот се: Коалицијата “Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници”, Институтот “Евро-Балкан”, Чифте Амам-Национална галерија на Македонија, Амбасадата на Шведска во Скопје и Амбасадата на Шведска во Белград.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>