“Ви благодарам на сите што сте присутни и за поддршката која ми ја давате. Им благодарам на моите другари од маало, на членовите од Токсикологија со кои ја подигнавме рап културата на едно повисоко ниво, на мојата продуцентска куќа Симплисити и секако на новинарите кои несебично ме поддржуваат во она што го работам” изјави Тони по завршувањето на настапот во Сули Ан, по што секој од присутните доби подарок – примерок од албумот и маичка “Тони Зен е Суперзен”.
Во забавата која беше приредена во Сули Ан уживаа: Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Next Time, Ламбе Алабаковски, Токсикологија, Коки Костовски, Камењар, Иво Јанковски, Надица Георгиева, Илија Поповски, Мики Црнокрак и многу други личности од македонскиот џет сет.
Новиот албум содржи седумнаесет композиции чии текстови ги напиша Тони, а за музиката се погрижија Бертан Аслани, кој е и продуцент на ова музичко парче, потоа Јован Јованов, Нино и Скит Скитара. Меѓу песните се наоѓаат на албумот “Тони Зен е Суперзен” се и добро познатите Бас, Суперзен, Има она се, соработките Говор тела и Само точи итн.
После промоцијата која беше поддржана од Скопска Пиварница, Тони најпрво заминува на заслужен одмор, а потоа, заедно со својата куќа Симплисити, продолжуваат со снимањето на документарецот “Пред и после Survivor” , како и со реализирањето на видео записи за некои од песните на новиот албум. ДВД изданието од големиот концерт кој се случи на 18 март оваа година, заедно со документарецот ќе бидат промовирани во септември.
Албумот “Тони Зен е Суперзен” од денеска е во продажба во сите Тобако Тугедер Салони, Стоп Шоп тобако и сите музички продавници низ Македонија по цена од 200 денари.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!