Top

КУЛТРА – фестивал на театар и краток филм

Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип во соработка со организацијата “Капсула Култура” и Факултетот за драмски уметности при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје организираат тридневен фестивал посветен на театарот и краткиот филм, наречен “КУЛТУРА“. Фестивалот ќе содржи 3 претстави и околу 24 кратки филмови, кои ќе бидат прикажувани во Мултимедијалниот центар на Универзитет “Гоце Делчев” во Штип.



На 30 јуни независниот скопски театар “Театра” ќе го отвори фестивалот со изведба на “Мизантроп“.
Фестивалот ќе продолжи на 1 јули со претставата “Оркестар ББ” во изведба на студентите од Факултетот за драмски уметности, а ќе се затвори на 2 јули со изведба на претставата “Свекрва, верзија 7” на штипскиот театар. Еден час пред претставите е резервиран за проекција на одбрани кратки филмчиња, најголем дел во продукција на студентите од Факултетот за драмски уметности.

За повеќе информации околу фестивалот и програмата кликнете тука.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>