Париската модна недела кулминираше со ревијата на Зухаир Мурад на која беше презентирана неговата најнова модна линија. Новите креации зрачат со женственост и сексипил, а позитивните коментари и воодуевувања не стивнуваат.
И оваа колекција на Либанскиот дизајнер изобилува со раскош сочинет од внимателно селектирани материјали, многу чипка, рачни везови, како и светкави скапоцени камења.
Да потсетиме дека креациите на 43-годишниот моден креатор ги носат многу популарни личност, како Бијонсе, Џенифер Лопез и Шакира.
Погледнете видео од модното шоу.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!