Top
Миранда Кер за МАНГО

Миранда Кер повторно за МАНГО, есен-зима 2013/14

Австралискиот модел Миранда Кер по втор пат го претставува шпанскиот моден бренд МАНГО во рекламната кампања за колекцијата есен-зима 2013/14.

Њујорк беше избран како локација за фото-сесијата за колекцијата есен-зима, која се одржа на почетокот на мај оваа година. Фотографи на кампањата се познатите Inez & Vinoodh.

По завршувањето на фото-сесијата Кер изјави:

Одлично си поминав за време на сликањето. Фотографите се одлични за соработка – секогаш се забавуваме кога работиме заедно. Облеката е особено интересна оваа сезона, инспирирана од панк движењето. Ми се допадна тоа што фотографите го задржаа природниот изглед на кампањата, што одлично се вклопува со карактерот на колекцијата.

Новата колекција доаѓа со забележително панк влијание, црната боја доминира преку модните додатоци и естетиката на ова движење.

Сепак, неизбежни се и пастелните тонови, одлични за есенските денови. Таканаречениот „износен“ изглед е присутен, како и ситниот принт и жакардот. Кај моделите за вечерни излегувања забележително е влијанието на Ориентот.

Од своето создавање, Манго избира познати лица за своите кампањи. Модели и актерки како Кејт Мос, Изабели Фонтана, Скарлет Јохансен, Пенелопе Круз, Мила Јовович, Лиз Џегер, Каролина Куркова, Наоми Кемпбел, Ева Херцигова, Клаудија Шифер, Кристи Тарлингтон и Дајан Кругер, имале можност да го претставуваат брендот.

Миранда Кер повторно за МАНГО, есен-зима 2013/14 (2)

Миранда Кер повторно за МАНГО, есен-зима 2013/14 (3)

Миранда Кер повторно за МАНГО, есен-зима 2013/14 (4)

Миранда Кер повторно за МАНГО, есен-зима 2013/14 (5)

Миранда Кер повторно за МАНГО, есен-зима 2013/14 (6)

Миранда Кер повторно за МАНГО, есен-зима 2013/14 (7)

Миранда Кер повторно за МАНГО, есен-зима 2013/14 (8)

Миранда Кер повторно за МАНГО, есен-зима 2013/14 (9)

Миранда Кер повторно за МАНГО, есен-зима 2013/14 (10)

Миранда Кер повторно за МАНГО, есен-зима 2013/14 (11)

Миранда Кер повторно за МАНГО, есен-зима 2013/14 (12)

Миранда Кер повторно за МАНГО, есен-зима 2013/14 (13)


Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>