Top
MNG-FW-2015

Музичките икони од 60-тите и 70-тите години „се вратија“ за модната ревија на „MANGO“

На 30-ти јуни, на Олимпискиот стадион во Барселона, бразилскиот модел Ана Беатриз Барос ја отвори ревијата на „MANGO“ за колекцијата есен/зима 2015. Модната ревија беше хостирана од Џонатан Андик, која доби тек со една од најпознатите лица на интернационалните модни писти – бразилскиот модел Ана Беатриз Барос, која изјави: „Шпанија е земја полна со живот и страст и тоа е она што ме фасцинира. Бидејќи по потекло сум од Бразил, лесно ми е да се идентификувам со многу обичаи од оваа земја. Драго ми е што „MANGO“ сметаше на мене за отворањето на овој посебен настан. Ја сакам музика и колекцијата која MANGO ја дизајнираше за оваа сезона е вистински омаж за тие луди години кои проектираат слобода и влечат инспирација од стилот и талентот на тие музички легенди.“

Компанијата ја отвори шеснаесеттата едиција на 080 Barcelona Fashion модната ревија, каде беа поканети повеќе од 800 гости, а меѓу пристуните беа голем број познати лица од шпанското општество, личности од телевизијата и кинематографијата, радио водители и многу модни блогери.

„MANGO“ ја пренесе естетиката на звуците од 60-тите и 70-тите во ревијата, каде беа искомбинирани музиката и модата. Стилот на женските музички икони од овој хипи-период како Џенис Џоплин, Грејс Слик, Пети Смит и Блонди беше презентиран преку кожните јакни, ѕвонарки, широките фустани и блузи.

Беа претставени 58 комбинации во контекст на рок и диско стилот, вклучувајќи долги и ниски деколтеа, кожни „цевка“ панталони, комбинација на текстура и светкави детали кои го славеа вистинскиот гламурозен аспект од оваа еволуција. Колекцијата за мажи исто така се наврати во времето со тоа што ги реинтерпретираше трендовите на британскиот рок стил. „Цевка“ панталони и војнички јакни и палта беа клучни за колекцијата каде црната боја преовладуваше во облеката со дизајни инспирирани од рокенролот и стилот на младите бунтовници од тој период, со примеси на фолклорен дезен.

388968

388969

388970

388971




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>