Top
bitsiani_aw_2016_ilike_mk_f

„Вitsiani“: Ретро шарм со модерна енергија

Шармот на мажите и атмосферата од 60-тите во комбинација со модерни елементи и динамиката на денешното секојдневие е темата на која „Bitsiani“ ја раскажува својата приказна за оваа сезона. Така, во сценариото на кампањата за есен/зима 2016 имаме современ маж кој знае да ужива во животот и сè што прави, прави со стил.

Колекцијата на „Bitsiani“ e наменета за оние кои внимаваат на својот изглед, следат трендови, но во исто време сакаат да биде уникатни и да ја доловат својата единственост преку облеката и нејзиното комбинирање.

За есен/зима 2016 во колекцијата преовладуваат темно сината и земјените бои, кроевите се строги и најчесто припиени до телото. Дезените и принтовите се застапени за разигран изглед, но за оние кои претпочитаат едноставност, тука се и еднобојните парчиња. Типично за „Bitsiani“, секоја комбинација е дополнета и збогатена со модни додатоци како џебни марамчиња, шалови, марами, вратоврски, шапки итн.

bitsiani_aw_2016_ilike_mk_002

bitsiani_aw_2016_ilike_mk_003

Како најсоодветна локација за темата на кампањата оваа сезона и како ново и особено интересно место во градот го избравме ресторанот „FOUR“, дел од новоотворениот „Park Hotel & Spa“, кој со својот впечатлив ентериер и мешавина на топли бои и софистицирани парчиња мебел е одлично дополнување на концептот за сезоната.

bitsiani_aw_2016_ilike_mk_004

bitsiani_aw_2016_ilike_mk_005

bitsiani_aw_2016_ilike_mk_006

bitsiani_aw_2016_ilike_mk_007

bitsiani_aw_2016_ilike_mk_008

Fashion Group“ има постојан тим на соработници на кои им верува и со кои смета дека го добива најдоброто од сè што работи, па затоа и оваа фотосесија е изработена од фотографското дуо Ани Дими, модел е Андреј Клинчаров, а за шминка и фризура се погрижи Маја Саздановска.

Кампањата за „Bitsiani“ за есен/зима 2016 е последната од неколкуте кампањи, едиторијали и каталози кои „Fashion Group“ ги продуцира за различни рекламни цели. Иако соработката со матичните куќи на брендовите кои ги застапува е постојана, домашниот талент и квалитет треба константно се поддржуваат за да може да дојдат до израз и да го дополнат позитивниот имиџ на секоја модна марка, која е дел од групацијата.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>