Конечно имаме можност да го погледнеме првиот официјален трејлер за филмот „Jurassic World“.
Кусото видео нè запознава со новиот скап и ултра модерен парк, но и со генетски модифицираниот диносаур. Дејствието се одвива цели 22 години по објавувањето на првиот дел од култниот филм.
Режисер е Колин Тревороу, а сценариото го напишаа Дерек Коноли, Рик Јафа и Аманда Силвер. Главните улоги ги толкуваат Крис Прат, Брајс Далас Хауард, Винсент Д’Онорфио, Омар Сај и Ирфан Кан.
Светската премиера е закажана за 12 јуни 2015 година, а филмот излегува под капата на „Universal Pictures”.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!