Откако Чарли Ханам се откажа од улогата поради лошите коментари, младиот актер и модел Џејми Дорнан ќе ја толкува улогата на млад бизнисмен кој крие мрачни тајни и преферира садо-мазо секс. Џејми се стекна со слава како модел на Келвин Клајн, Диор и Армани, но и со мини улогите во серијата „One upon a time“ и филмот „The Fall“.
Филмот, според хит трилогијата на Е. Л. Џејмс, а во режија на Сем Тејлор-Вуд треба да почне да се снима наскоро. Премиерата е закажана за 1 август 2014 година.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!