Top

IMMORTALS – нов филм инспириран од грчката митологија

Immortals е уште еден филм инспириран од грчката митологија со приказна блиска до онаа на Clash of the Titans, а визуелно е близок со 300.

Опиен од моќ, кралот Хиперион (Мики Рурк) објавува војна со човештвото, и е во потрага по оружје кое ќе му помогне да ги собори боговите од Олимп.  За да биде спречен, дури и на боговите им е потребен херој. Избран од Зевс, Тесес (Хенри Кавил) мора да ги спаси луѓето од Хиперион и неговите орди.

Покрај Хенри Кавил и Мики Рурк во Immortals се појавуваат и Фрида Пинто, Келан Луц, Лук Еванс и Изабел Лукас. Премиерата е закажана за 11 ноември 2011.



Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *