Top

Црниот лебед

Мрачна приказна со психолошки пресврт во кој главната улога на брилијантна млада балерија ја игра одличната Натали Портман. Според многубројните критики, “лебедот” е комплексно и контроверзно парче, едно забрането задоволство кое ќе го привлече вниманието на вистинските љубители на добриот трилер. Филм во кој се преставени тешките моменти во успехот на една кревка, наивна и психички нестабилна девојка, потисната од притисокот на нејзината “неисполнета” мајка и поблиското окружување е уште едно ремек дело на Аронофски, кое според многумина ќе го има главниот збор на доделувањето на Оскарите за “најдобар филм” и ”најдобра актерка во главна улога.”

Автор: Слободан Новески

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *