Чудо на 34-тата улица
Чудо на 34-тата улица е еден од оние филмови што ќе ви го затопли срцето. Приказната го опишува судењето на Крис Крингл, кој навидум е еден од многуте Дедомразовци, но тој тврди дека тој е вистинскиот. Најверојатно сте го гледале римејкот од 1994 година, но вистинските филмофили треба да го погледнат и оригиналот.
Сретни ме во Сент Луис
Сретни ме во Сент Луис нема сосема божиќна тема, но е прекрасен мјузикл во кој за прв пат е испеана една од најубавите божиќни песни Have Yourself a Merry Little Christmas. Во 1904 година пред светскиот саем во Сент Луис четирите сестри Смит се подготвуваат за преселување во Њујорк…
Животот е прекрасен
За некои е уште едно клише, за повеќето е најдобриот божиќен филм на сите времиња, но едно е сигурно: овој филм е задолжителен! Кога Џорџ Бејли го планира своето самоубиство на божиќната вечер, неговиот ангел чувар му покажува колку многу тој им значи на луѓето околу него.
Холидеј Ин
Во гостилницата Холидеј Ин двајца пријатели Џим и Тед, едниот пејач, а другиот танчер, се борат за срцето на една девојка. За овој мјузикл напишани се 12 оригинални песни, помеѓу кои и White Christmas.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
… odlicno …