Top

Предлог божиќни романтични филмови

Надвор навистина многу ладно, па поголем дел од денот го минуваме дома и слободното време најчесто го поминуваме пред телевизор или уживајќи во празничните филмови заедно со нашите најблиски.  Во прилог на тоа, iLike.mk почнува со серија од предлози за божиќни филмови кои со сигурност ќе Ве расположат. Започнуваме со празнични филмови со романтична тематика:


Фамилијата Стоун

The Family Stone (2005)



Студена и конзервативна бизнисменка се запознава со ексцентричната и слободоумна фамилија на нејзиниот свршеник за време на празниците.


Љубов, всушност

Love Actually (2003)



Слободно може да се нарече најдобриот божиќен филм на деценијата. Приказна за 8 различни двојки кои се справуваат со проблемите во нивниот љубовен живот во месецот пред Божиќ. Сите 8 се посебни лабаво поврзани приказни. Интересно е тоа што во филмот се собрани сите добри британски актери.


Празникот

The Holiday (2006)



Две девојки се трамапаат со становите за време на празниците, и запознаваат луѓе кои инаку никогаш не би ги сретнале.


Игра на судбината

Serendipity (2001)


Сара и Џонатан се среќаваат во празничниот Њујорк, се заљубуваат еден во друг и без да ги споделат имињата или адресите, тие одлучуваат да се разделат и да остават на судбината повторно да ги соедини.




2 Коментари

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>